Зверев го елиминира Надал од турнирот во Мадрид

103

Германскиот тенисер Александар Зверев со 2:0 во сетови го елиминира искусниот Рафаел Надал кој важеше за фаворит на турнирот во Мадрид. Шпанецот кој е петкратен победик на АТП турнирот во Мадрид не можеше да му парира на расположениот „Саша“ кој ја однесе победата со 6:4 и 6:4.

Зверев во полуфиналето ќе се соочи со Доминик Тием кој претходно со 2:1 (3:6, 6:3 и 6:4) го совлада Џон Иснер.

Вечерва ќе бидат познати и другите полуфиналисти. Руд игра со Бублик, додека Беретини ќе се соочи со Гарин.

ПретходноГолман од Кувајт тренира со Вардар (ФОТО)
СледноСензација во Струга: МЗТ Скопје се “удави“ во Црн Дрим