Македонија на ЕП 2022 можете да ја бодрите за 14 евра!

161

На официјалната страница на ЕХФ ЕУРО 2022 и официјално почна продажбата на билетите. Најефтината карта за дуелите на Македонија изнесува 14 евра, станува збор за дневен билет. Доколку сакате да ги гледате сите мечеви во групата А во Дебрецин, во тој случај ќе треба да издвоите најмалку 37 евра. Ова е цена за пакет картите и секако е најефтината варијанта.

Нашите ракометари во групната фаза отвора против Словенија, два дена подоцна е мечот со Црна Гора, додека во последното коло следи пресметката со актуелниот светски првак, Данска.

Салата „Фениск“ е домаќин на групата А, истата има капацитет од 8.000 места.

ПретходноГрожан во болид првпат после несреќата
СледноЈакобсен: Среќен сум што ја одбегнавме Франција, не сум среќен за Црна Гора