Македонскиот репрезентативец, Џејкоб Вајли и Сарагоса не се пласираа во финалето на ФИБА Лигата на шампиони. Во полуфиналето тимот на Американецот со македонски пасош беше поразен од Пинар Каршијака со 79-84.
Сарагоса успеа да се врати во последната четвртина и да поведе со 66-60 и 68-63, но не успеа да го сочува ова минимално водство. Противникот од средината на овој период се врати целосно во игра и дојде до победа.
Вајли повторно беше прв стрелец, постигна 21 поен, додаде четири скока и една асистенција.