Веќе нема дилеми. МЗТ Скопје ги одреди двојките за плеј-офот и за Купот на Македонија, кој на програмата е следниот викенд. Тимот од Аеродром го одбегна и Работнички во полуфиналето и во двете битки за пехарот, со најтрофејниот би можеле да играат само во финалето.
Пелистер за противник ја има Академија ФМП, Работнички ќе игра против ТФТ, ЕУРО Никел силите ќе ги одмери со Гостивар, додека МЗТ со Куманово.
ДВОЈКИ КУП НА МАКЕДОНИЈА (14-16 МАЈ)
Пелистер (1) – Академија ФМП (8)
Работнички (2) – ТФТ (7)
Еуро Никел (3) – Гостивар (6)
МЗТ Скопје (4) – Куманово (5)