Сензација во Струга: МЗТ Скопје се “удави“ во Црн Дрим

25

Нов шок за МЗТ Скопје, по поразот од Куманово на домашен терен сега беше совладан на гостувањето кај Црн Дрим со 90-88 во последниот меч од регуларниот дел од сезоната.

Овој дуел немаше резултатско значење, но е добредојден за домаќинот пред стартот на плеј-аутот.

Гостите одиграа добро во третата четвртина, ја добија со 30-18 и можеа лесно да го решат овој дуел.

Но, стружани со серија од 6-0 се доближија на 80-81 за неизвесен финиш. По 84-86, следеше серија на промашувања на двете страни.

Со четири слободни фрлања Црн Дрим поведе со 88-86, Мекиќ го прекина три минутниот пост на својот тим за 88-88. Настовски зголеми на 90-88, на другата страна МЗТ Скопје не успеа да се избори за продолжение.

Стаменковиќ и Соколовски заедно постигнаа 38 поени, кај гостите Бојиќ имаше 20 поени, Гравет 18.

МЗТ Скопје во плеј-офот ќе игра против Гостивар, а доколу го мине ќе ги одмери силите со подобриот од Пелистер и Академија ФМП.

ПретходноЗверев го елиминира Надал од турнирот во Мадрид
СледноПознати се двојките за плеј-офот