Голман од Кувајт тренира со Вардар (ФОТО)

168

Али Сафар, голман од Кувајт, е на тренинзи со „црвено-црните“. Станува збор за проба во македонскиот шампион, а доколку ги задоволи вкусовите, би можел да стави потпис на договор.

Сафар е висок 199 сантиметри, и е дел од националниот тим на својата земја.

Веројатно ангажман на голман ќе биде еден од приоритетите на „црвено-црните“ за идната сезона по заминувањето на Кизиќ во редовите на Еурофарм Пелистер.

Еве и фотографија на тренинг на Вардар:

ПретходноКуманово го реши Вардар во една четвртина
СледноЗверев го елиминира Надал од турнирот во Мадрид