Куманово по триумфот над МЗТ Скопје на гостински терен, запиша уште една победа, во последниот меч од регуларниот дел од сезоната во Првата лига го совлада Вардар со убедливи 112-78.
Домашните кошаркари противникот го реши во последната четвртина, одиграа моќно, ја добија со 37-9.
До овој момент дуелот беше изедначен, „црвено-црните“ на полувремето дури имаа водство од 45-52. Куманово го дигнаа нивото во следниот период, а потоа во последните десет минути беа незапирливи.
Џекиќ со дабл-дабл од 29 поени и 11 скока беше прво име, зад него беа Робев и Ливингстон со по 19 поени. На другата страна Дикенбе постигна 26 поени.
Со оваа победа Куманово заврши на петото место на табелата, додека Вардар на претпоследното.