Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа во последното денешно дерби во 9. коло во Суперлигата на гостувањето кај екипата на Бутел. Битолчани славеа со 29:26 во меч во кој се чини дека ја имаа контролата на резултатот од самиот почеток.
Гостите ја оправдаа фаворитската улога, иако домашните има предност во првиот дел од мечот се до 8:8. До полувремето Е. Пелистер успеа да ја преземе иницијативата и на пауза да замине со предност од 16:13.
Во вториот дел гостите беа одлични, направија +7 (22:15), по што бутелчани успеаја да се вратат во малку поинтересна завршница. „Пелистерци“, сепак, имаа повеќе избор на ракометари, успеаја да го одржат водството и на крајот мирно да го приведат мечот до победа.
За Еурофарм Пелистер ова беше осма сезонска победа, додека Бутел го претпе четвртиот пораз.