Вардар без мака до девет од девет

39

Вардар 1961 дојде до деветата победа во низа во плеј-офот, на домашен терен го совлада Охрид со 37-29. Иван Чупиќ со десет гола беше прв стрелец, шест погодоци запиша Јотиќ, еден помалку Георгиевски. Кај Охрид, Кривокапиќ имаше девет гола.

“Црвено-црните” брзо го решија овој дуел поведоа со 9-4 по првите десет минути, па со 22-12, на одморот беше 23-12. Оваа негатива беше недостижна за охриѓани, кои на крајот се помирија со четвртиот пораз.

По овој меч, Металург има шанса да се искачи на петото место на табелата и да симне охриѓани позиција подоле. Тимот од Автокоманда треба да ја совлада Струга дома.

ПретходноМакедонија У17 на турнирот Миљан Миљаниќ во Србија
СледноСтефан Ристовски ги посети младите репрезентативци во Загреб