Е.Пелистер го доби малото дерби со Бутел Скопје

43

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа во последното денешно дерби во 9. коло во Суперлигата на гостувањето кај екипата на Бутел. Битолчани славеа со 29:26 во меч во кој се чини дека ја имаа контролата на резултатот од самиот почеток.

Гостите ја оправдаа фаворитската улога, иако домашните има предност во првиот дел од мечот се до 8:8. До полувремето Е. Пелистер успеа да ја преземе иницијативата и на пауза да замине со предност од 16:13.

Во вториот дел гостите беа одлични, направија +7 (22:15), по што бутелчани успеаја да се вратат во малку поинтересна завршница. „Пелистерци“, сепак, имаа повеќе избор на ракометари, успеаја да го одржат водството и на крајот мирно да го приведат мечот до победа.

За Еурофарм Пелистер ова беше осма сезонска победа, додека Бутел го претпе четвртиот пораз.

ПретходноВажни три бода за опстанок, Прилеп за зацврсти втората позиција!
СледноСабаленка ја изненади Барти и го освои Мастерсот во Мадрид