Металург расчисти уште еден должник, Струга без шанси во Автокоманда

35

Металург го искористи поразот на Охрид од Вардар и се искачи на четвртото место на табелата со 11 бода. Тимот од Автокоманда на списокот на должници расчисти уште едно име, на домашен терен ја совлада Струга со убедливи 35-28 (17-13).

Ова беше втор триумф за избраниците на Иван Марковски и неговите момци по Т. Пролет, вкупно трет во плеј-офот, во кој има две ремија и четири порази.

Ракометарите на Металург одиграа одлично во првото полувреме во кое одржуваа позитива од три до четири гола, на одморот беше 17-13. Во вториот дел предноста на домашниот состав растеше, 23-16 беше во 35. минут. За кратко време „металурзите“ се искачија на 25-18.

На другата страна гостите беа немоќни, за нив ова беше шести пораз.

ПретходноФормула 1: Пол – позицијата за Хамилтон во Каталуња, јубилејна 100 во кариерата!
Следно„Одиме на Европско“ е навивачката химна на Македонија за ЕП 2020 (видео)