Т.Пролет се „тресеше“ до самиот крај: Деби победа на Кастратовиќ против Е.Пелистер 2

40

Т.Пролет едвај успеа да дојде до победа на дуелот против Е.Пелистер 2. Скопскиот тим имаше водство (16-9) и игра, но падна во последните 12. минути, младите битолчани го држеа противникот во неизвесност пред самиот крај. Исклучување во редовите на Е.Пелистер 2 беше доволно за победа на Т.Пролет од 27-25 во дебито на Зоран Кастратовиќ.

Во 48. минута домаќинот имаше комотни 23-19, битолчани не се откажаа со серија од 4-0 изедначија на 23-23 на пет минути до крајот. Дуелот влезе во неизвесна завршница, се играше гол за гол. На минута до крајот, гостите добија исклучување, а домаќинот „ќари“ два гола за 27-25. Диви го одбрани последниот напад на ракометарите на Е.Пелистер 2 за сигурна победа.

За Т.Пролет ова беше петта победа во плеј-офот со која останува на третото место, додека на другата страна Е.Пелистер 2 го запиша седмиот пораз.

Претходно„Одиме на Европско“ е навивачката химна на Македонија за ЕП 2020 (видео)
СледноСтигна круната за одличната сезона: Тимот на Ангели е нов прволигаш