Денеска се одиграа два меча во плеј-аут лигата. Прилеп и Тиквеш 2014 ја оправдаа фаворитската улога и дојдоа до важни бодови за опстанок во Супер-лигата.
Избраниците на Горан Кузманоски на домашен терен славеа со 31-28 и дојдоа до шестата победа во плеј-аутот. Домашниот состав целата работа ја заврши во првото полувреме, по кое имаше предност од пет гола 17-12.
Прилеп со трите бода се зацврсти на втората позиција на табелата веднаш зад екипата на Тиквеш.
Кавадарчани пак беа подобри од Астраион на гости со 18:37. После 30 минути игра веќе беше решен победникот, Тиквеш имаше двоцифрени 9-19.
По овој дуел кавадарчани со 21 бод останаа лидери, зад нив е Прилеп со три бода помалку.