Македонскиот интернационалец, и репрезентативен капитен Стефан Ристовски денеска ги посети младите Македонски репрезентативци генерација 2006 година кои се дел од традиционалниот турнир во Хрватска, Влатко Марковиќ.
Ристовски ги изненади младите фудбалери кои не ја очекуваа неговата посета и беа воодушевени што ете нивниот идол од сениорската репрезентација одвои време да ги посети во хотелот во Загреб. Стефан секоја чест, затоа што и самиот знаеш што значи ова за еден млад фудбалер и пред се репрезентативец на Македонија.
Нашите млади фудбалери утре го завршуваат престојот во Хрватска со мечот за разигрување и пополнување место на турнирот против Албанија.