Зверев е новиот „крал“ на Мадрид

79

Германскиот тенисер Александар Зверев е новиот освојувач на Мастерсот во Мадрид. Во вечерашното финале, шестиот рекет во светот беше подобар во три сета од 10-от на АТП листата, Матео Беретини од Италија со 6:7, 6:4, 6:3.

Беретини го доби првиот сет по тај-брејк и голема борба, но Зверев возврати во вториот сет кој го доби тесно со 6:4.

Во решавачкиот сет Зверев дојде брејк на 2:2, а потоа ја задржа предноста на паузата до крајот и дојде до победа.

ПретходноСан Пабло Бургос повторно ја освои ФИБА Лигата на шампиони и испиша историја
СледноГодините за него се само бројка: „Кралот“ Лазаров денеска го прославува 41. роденден!