Металург со искуство плус пред најважните битки!

21

Металург влезе во вистинската форма пред главните битки оваа сезона во домашниот шампионат. Она бледо издание веќе е минато, тимот од Автокоманда блесна во вистинско светло и покажа каде му е местото во македонската ракометна елита.

Избраниците на Иван Марковски фатија залет, ја запишаа втората победа во низа, ја совладаа Струга со убедливи 35-28 и направија скок од две места на табелата, по 9. коло во плеј-офот се на четвртото место со 11 бода исто колку и Бутел Скопје.

На вчерашниот дуел во составот се врати Марко Тарабокија по паузата поради повреда на раката. Тој се запиша во листата на стрелци, изведе два седмерци. Ова значи дека Металург во продолжение ќе биде уште посилен, Тарабокија се враќа за важните мечеви.

ПретходноФенер му подготвува отказ на Кокошков?
СледноКубанецот Реиние Табоада од Данкерк потпиша за Еурофарм Пелистер