Луис Хамилтон е победник за ГН на Шпанија која се возеше во Каталуња. Британецот иако беше втор во текот на трката, сепак, на крајот го стигна Верстапен, и заврши како првопласиран.
Верстапен мораше да се задоволи со втората позиција, додека трет беше Ботас. Иако Холанѓанецот имаше најбрз круг, сепак, на крајот му го препушти пиедесталот на Хамилтон, кој стигна до 98. победа во Формула 1.