Веселин Вујовиќ и Вардар се договориле за нова соработка

174

Веселин Вујовиќ речиси сигурно се враќа на клупата на Вардар, јавува „Хендбол планет“ од свои извори.

Вујовиќ треба да го наследи Стефче Алушовски на клупата на „црвено-црните“, кој потврди дека нема да го води тимот следната сезона.

Вујовиќ трет пат во кариерата ќе седне на клупата на Вардар. Првиот пат беше од 2006 до 2009, а потоа се врати во 2011 и беше дел од „црвено-црните“ до 2013.

ПретходноКудуз: Врдар е институција, мојот сон, едвај чекам да го облечам дресот
СледноБеноа Пер: Не е аут? Чекај да сликам па ќе видиш… (ВИДЕО)