Кирил Лазаров денеска полни 41 години. Македонската гол-машина е вистински пример дека години се само бројка. Предводникот на нашиот национален тим и капитен, игра фантастично и оваа сезона, и во националниот дрес и во дресот на Нант.
На Светското првенство во Египет запиша нов рекорд, постана прв мундијалски стрелец во четири различни децении. И не е само, оваа сезона во Лигата на шампионите стана нов рекордер, покрај тоа што е прв на вечната листа на стрелци, тој е ракометарот со најмногу настапи во ова натпреварување.
„Кралот“ Лазаров, епитет кој му го даде Европската „куќа на ракометот“ уште една сезона ќе го гледаме на теренот како играч. Неговата љубов кон ракометот, кон дресот на Македонија беше главна причина да го одложи „пензионирањето“.
Безвремнски спортист сака да ја види репрезентација на вистински патеки, сака својата Македонија да го продолжи трендот на учества на големите натпреварувања, а таму младите ракометари да блеснат во вистинско светло.
Редакцијата на СПОРТМЕДИА му го честита роденденот на Лазаров и му посакува уште една година исполнета со успеси!