Дома Други спортови Одбојкарите во четврток во Врњачка Бања тестираат со европскиот шампион Србија

Одбојкарите во четврток во Врњачка Бања тестираат со европскиот шампион Србија

94

Откако денеска и официјално е потврдено, машка сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија во четврток и петок ќе одигра два контролни меча во делот од подготовките пред стартот на Европската Сребрена лига на ЦЕВ.

Во четврток во Врњачка Бања, нашите репрезентативци ќе имаат исклучително силен тест против А-репрезентацијата на Србија, која е актуелен бранител на европската круна. Средбата е закажана со почеток во 17 часот.

Ден подоцна, избраниците на селекторот Матијашевиќ ќе имаат уште еден контролен меч, но овој пат против Б-репрезентацијата на Србија. Со вториот тим на европскиот првак ќе одиграме меч во петок од 19 часот во Велико Градиште, а средбата во живо ќе ја пренесува српската национална телевизија, РТС.

Ова ќе бидат единствени два теста за нашата селекција, пред стартот на првиот турнир од Сребрената лига закажан во Струмица од 21 до 23 мај.

ПретходноБеноа Пер: Не е аут? Чекај да сликам па ќе видиш… (ВИДЕО)
СледноЕХФ ја објави саатницата за мечевите на ЕП 2022