Започна одбројувањето: Уште еден месец до стартот на ЕУРО 2020!

53

Се чини дека започна одбројувањето до стартот на ЕУРО 2020 (11 јуни – 11 јули), на кое за првпат ќе учествува и Македонија. Останува уште месец дена до почетокот ЕП на кое ќе имаме и ние свој претставник, ќе навиваме и ние за нашата репрезентација, за Македонија.

Имаме навивачка химна, атмосферата се загрева, со нетрпение го чекаме списокот на 26 играчи кои ќе патуваат на ЕУРО.

А таму се знае, на 13 јуни играме со Австрија во Букурешт, на 17 јуни со Украина исто во Букурешт, за да на 21 јуни гостуваме во Амстердам каде се среќаваме со домшаната селекција на Холандија.

Македонија се наоѓа во групата „Ц“, во тешка група, но и во група во која можеме да направиме нешто големо.

Нестрпливи сме, едвај чекаме да дојде 11 јуни…кога стартува ЕП со Македонија како еден од учесниците.

ПретходноКечовски: Горд сум на момците и на стручниот штаб, Ангeли трпеливо стигнаa до Првата лига!
СледноСупер Милионер ЏЕК ПОТ усреќи нов, петти добитник кој освои 9.224.579