Денеска стартува битката за опстанок во Првата лига. За разлика од минатите години, овој пат раководството на КФСМ им дозволи на екипите кои беа „печени“ за Втората лига да имаат шанса да се изборат за „елитата“, додека пак оние кои беа близу до плеј-офот, да бидат елиминирани.
Во новиот чуден систем на КФСМ најмногу може да настрада Кожув. Гевгеличани цела сезона беа далеку подобар тим од стружани, кои пак остварија само две победи и сега пред мечевите да се биде или не, земаа екста-засилувања. Не се виновни ниту тие, кога КФСМ им ги отвори портите, шансата ќе ја искористат максимално.
Но, останува отворено прашањето – дали Црн Дрим ќе биде еднаков силен и следната сезона, или пак ќе спие на истата страна на перницата знаејќи дека КФСМ не го цени трудот на другите и на оние со една или две победи ќе им овозможи да останат во Првата лига.
КФСМ за едни е мајка, за другите маќеа.
Во елитата ќе останат тимовите кои ќе дојдат до две победи, први на терен ќе истрчаат Кожув и Црна Дрим, мечот е закажан во 17 часот, додека подоцна (19:15 часот), вториот тим на МЗТ Скопје е домаќин на Вардар.