Хувентуд и Димитријевиќ дефинитивно во плеј-офот во Шпанија

80

Екипата на Хувентуд и дефинитивно ќе биде дел од осумте тима кои ќе се борат за трофејот во „Ендеса“ лигата.

Екипата од Бадалона стигна до два големи бода на гостувањето кај Басконија. Беа подобро од евролигашот, и славеа со сигурни (79:71).

Доволно за скор (19-15), по 34. одиграни кола и 7.место на табелата во најсилната европска лига.

Ненад Димитријевиќ немаше своја вечер во срцето на Баскија. Имаше мала минутажа поради ситната повреда на претходниот меч, поради што доби и мала поштеда од тренерот Карлес Дуран. Реализираше само два поени (1/3 од поле) и исто толку додавања за 18:45 минути на теренот во Арената „Фернандо Буеса“

ПретходноЈосип Божиќ Павлетиќ ново засилување на Е. Пелистер!
Следно„Штркчињата“ со голем чекор напред кон „елитата“