Црн Дрим на победа до опстанок во Првата лига

51

Првиот дуел во плеј-аут битката го доби Црн Дрим кој славеше со 80-83 и се најде на победа до опстанок во Првата лига. Очекувано победникот беше решен во самиот финиш, во кој подобро се снајдоа стружани.

Гостите ја добија првата четвртина со 14-20, но на другата страна домаќинот во следниот период целосно се врати во игра, на одморот замина со минимална позитива од 35-34. Гевгеличани во добар ритам продолжија и во третата четвртина ја добија со 24-19. Сепак оваа предност не беше доволна за мирен финиш, стружани ја надополнија негативата. По голема драма во последната минута во која кошаркарите на Црн Дрим промашија и важни слободни фрлања, крајот со голема среќа дојдоа до првиот триумф.

Пантиќ со 28 поени и 8 скока беше најдобар кај Црн Дрим, Стаменковиќ имаше дабл-дабл од 19 поени и 11 скока. Во редовите на Кожув Скот имаше 22 поени и 9 скока.

ПретходноМакедонија У 17 на пенали поразена од Црна Гора
СледноЈосип Божиќ Павлетиќ ново засилување на Е. Пелистер!