„Штркчињата“ со голем чекор напред кон „елитата“

19

МЗТ Скопје 2 го искористи домашниот терен и направи голем чекор кон опстанокот во македонската елита. Младите „штркчиња“ го совладаа Вардар со 85-78 во првата плеј-аут пресметка.

Домашните кошаркари поведоа со 27-20 по првата четвртина, на полувремето беше 46-43. Вардарци се обидуваа да направат пресврт, пружија силен отпор, но противникот во решавачките десет минути влезе со позитива од 67-60.

Предводени од Монтогомери и неговиот дабл-дабл од 17 поени и 13 скока и Наумоски со 16 поени, младите кошаркари на МЗТ Скопје 2 дојдоа до важна победа. На другата страна кај Вардар, Дикембе имаше 38 поени и 12 скока, кои не беа доволни за гостински триумф.

 

ПретходноХувентуд и Димитријевиќ дефинитивно во плеј-офот во Шпанија
СледноМакедонскиот селектор претрпел тешки навреди во Белград