Драган Бајиќ и Игокеа се сопрени во полуфиналето во АБА-лига. По одличното издание на вториот меч, тимот на македонскиот селектор на гостувањето кај Црвена Звезда беше совладан со убедливи 53-76.
По завршувањето на оваа средба, Бајиќ им ја честита победата на противничките кошаркари, но истовремено се пожали дека во Белград претрпил тешки навреди.
„Честитки до Црвена Звезда за триумфот. Не беше проблем само во последната четвртина, туку проблем беше и третата четвртина во која пропуштивме можност да го донесеме мечот до уште понеизвсна завршница.
Лигата беше исклучително квалитетна и интересна. Им честитам на челниците на АБА лига за одличната организација во исклучителни тешки услови. Истовремено ја користам оваа шанса да им се заблагодарам на одличното гостопримство во Белград, Игокеа во досегашната историја не доживеала вакви навреди“, рече Бајиќ, кој не откри за што точно станува збор.