Мешков Брест добро ја испоти Барселона

61

Одличен вовед на четвртфиналните пресметки беше даден во Брест. Големиот фаворит Барселона добро се испоти за да дојде до првата победа, Мешков беше одличен противник, но крајот падна, беше поразен со 29-33 пред своја публика.

Барса го скрши отпорот на Мешков Брест во 25. минута. При 28-28, направи серија од 3-0, на другата страна домашниот состав направи престап, а потоа и загуби топка, доволна причина за да каталонскиот гигант ја осигура првата победа во четвртфиналето и поведе со 28-31.

Белорускиот состав не поведе ниту еднаш, но беше сериозна закана за силниот противник. Каталонците во првото полувреме имаа најголема позитива од 6-12 во 13. минута, но домаќинот се врати и на одморот замина со негатива од еден гол (16-17).

Барса се мачеше во продолжение, но во последните пет минути ги казните недозволивите грешки на Мешков Брест.

Дика Мем со 10 гола беше прв стрелец кај гостите, пет помалку имаше Палмарсон. Вајлупау со 11 погодоци од исто толку обиди беше прво име на теренот, но за жал неговиот учниок не беше доволен за триумф на Мешков Брест.

ФОТО: Мешков Брест

ПретходноФеникс испиша историја – влезе во прволигашкото друштво
СледноСе вратија навивачите, се вратија проблемите: Летаа шишиња кон голманот на Крилја Совјетов