Надал нема да игра на тенискиот турнир на ЛОИ во Токио?

74

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се уште не е сигурен дали ќе настапи на Олимписките игри во Токио, меѓутоа во овие услови на пандемија поранешниот прв светски тенисер се премислува. ОИ во Токио требаше да се одржат минатата година, но поради пандемијата беа презакажани за оваа година.

Искрено, се уште не знам. Не можам да дадам јасен одговор. Во нормални услови не би ни помислил да ги пропуштам Олимписките игри, сите знаат колку ми се важни. Ама во овие околности… Ајде, да почекаме и да видиме што ќе се случи. Обично го знам мојот распоред скоро сто проценти од самиот почеток, но сега мора да бидеме флексибилни и да се прилагодуваме“, вели Надал.

ПретходноМакедонскиот селектор претрпел тешки навреди во Белград
СледноКомерцијална банка спонзор на ФФМ во следните три години!