Одбојкарите попладнево на прв тест со европскиот првак Србија

106

Македонската одбојкарска репрезентација денеска во Врњачка Бања во Србија ќе го одигра првиот од двата контролни меча во подготвителниот период за настап во Европската Сребрена лига.

На првата контрола селекторот Никола Матијашевиќ ќе настапи со 15 репрезентативци. Стандардно на позицијата техничар ќе бидат Филип Деспотовски и Ѓорѓи Ѓорѓиев, Стојче Арсов ќе му биде замена на капитенот Никола Ѓорѓиев како втор коректор, средни блокери се Ристо Николов, Филип Маџунков, Славе Наков и Филип Савовски, либера Дарко Ангеловски и Костадин Ричлиев, а примачи Владо Милев, Александар Љафтов, Стојан Илиев, Лука Костиќ и Васе Михаилов.

Денешниот дуел го играме со А-селекцијата на Србија која исто така се подготвува за летните обврски. Средбата во Врњачка Бања е закажана од 17 часот, а утре нашите одбојкари се селат во Велиго Градиште каде ќе тестираат со Б-составот на Србија.

ПретходноКил ја доби првата рунда, Раул и ПСЖ се враќаат со негатива од два гола
СледноНикој како Кире: По 17. пат денеска во четвртфиналето во ЛШ