Поранешниот безбол играч Алекс Родригез е нов сопственик на НБА тимот Минесота Тимбервулвс. Родригез чие богатство се проценува на 350 милиони долари, заедно со милијардерот Марк Лор ги купија „волците“ од Глен Тејлор за сума од 1,5 милијарди долари. Минесота во последните 18 години само еднаш играше во плеј-офот на НБА лигата и претставува една од најлошите НБА франшизи во 21. век.
Навивачите одамна го чекаат ова. Незадоволни се од работата на Глен Тејлор кој не успеа да ги помрдне работите на подобро. Сега очекуваат нови ветришта да задуваат во Минесота.
Алекс Родригез играше во МЛБ лигата од 1994 до 2016 година и беше шампион со Њујорк Јенкис.