Едвај го чекаме 13 јуни и првиот, историски меч, за Македонија на ЕУРО 2020. На точно месец дена пред првиот натпревар со Австрија во Букурешт, се разбира дека главно прашање во моментов, или топ – тема на фудбалски муабети во нашата јавност е кој се ќе се најде на списокот кој ќе брои 26 имиња за ЕП. Допрва селекторот Игор Ангеловски ќе треба да го соопшти, а ќе мора најдоцна до 1 јуни.
Повеќе од јасно е дека на списокот ќе го нема Илија Несторовски поради тешката повреда, а веќе кога наголемо се шпекулира во германските медиуми со кој кадар Македонија ќе настапи на ЕУРО, тогаш ајде да видиме кои се тие 26 среќници. Односно дали ова се 26-те фудбалери од списокот на селекторот?
Се разбира дека ова се наши претпоставки или прогнози, сега на потег е Ангеловски.
Еве кои би биле патниците за ЕП.
ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано), Дамјан Шишковски (Докса), Ристо Јанков (Работнички).
ОДБРАНА: Езџијан Алиоски (Лидс), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Висар Муслиу (МОЛ Фехервар), Кире Ристевски (Ујпешт), Стефан Ристовски (Динамо Загреб), Дарко Велковски (Ријека), Ѓоко Зајков (Шарлероа).
СРЕДЕН РЕД: Аријан Адеми (Динамо Загреб), Даниел Аврамовски (Кајзери), Елиф Елмас (Наполи), Ферхан Хасани (Партизани), Тихомир Костадинов (Ружемберок), Бобан Николов (Лече), Стефан Спировски (АЕК Ларнака), Стефан Ашковски (Ботошани), Енис Барди (Леванте).
НАПАД: Горан Пандев (Џенова), Агим Ибраими (Кукс), Марјан Радески (А. Пандев), Влатко Стојановски (Шамбли), Александар Трајковски (Мајорка), Иван Тричковски (АЕК Ларнака), Крсте Велкоски (Сараево).