КУП НА МАКЕДОНИЈА: Е.Пелистер си закажа финале со Вардар

32

Очекувано, Е.Пелистер ја оправда фаворитската улога и се пласираше во финалето во Купот на Македонија. Избраниците на Жељко Бабиќ без проблем го совладаа Бутел Скопје со 23-38 (9-16), во меч кој го решија уште во првото полувреме.

Маџовски со седум гола беше прв стрелец, Мандалиниќ имаше шест погодоци, на другата страна Трифковиќ и Младеновиќ имаа по четири гола.

Скопјани беа рамноправен противник во воведните минути, имаа водство од 5-3 и 6-5. По 7-7, битолчани со серија од 5-0 поведоа со 7-12, на одморот заминаа со позитива од 9-16,

Не се промени ништо на теренот ниту во вториот дел. Е.Пелистер умешно ја одржуваше предноста, поведе и со двоцифрени 18-28. До крајот штедеше сили за главната битка против Вардар која е закажан за во сабота (17:30 часот).

ПретходноСпоред ФОРБС: Конор Мекгрегор е најбогатиот спортист за 2021 година!
СледноТомовски не застанува, нова блескава партија во Бундес-лига