Македонските одбојкари поразени од европскиот првак во првиот тест натпревар

85

Одбојкарската репрезентација на Македонија со пораз од европскиот шампион Србија со 1-3 во сетови (19-25, 20-25, 18-25, 25-21) ги отвори подготовките за настапот во Сребрената европска лига кои се одвиваат кај нашиот сосед. Србите ги добија првите три сета, а потоа двете страни се договорија да одиграат уште еден сет и тој Македонија успеа да го добие.

Во нашиот тим најдобар беше Никола Ѓорѓиев со 14 поени, а Владо Милев и Александар Љафтов имаа по девет. Кај Србите Павле Периќ реализираше 25 поени.

Македонија утре (19:00 часот) повторно ќе игра со Србија, но сега со Б-тимот на оваа држава.

ПретходноЛазаров го дигна Нант, со него на теренот е полесно (ВИДЕО)
СледноПоранешен безбол играч ги купи Тимбервулвс за 1,5 милијарди долари