Македонската пресметка во четвртфиналето во Лигата на шампиони нема да биде целосна. Дејан Манасков не се најде во составот на Веспрем за вечерашниот дуел со Нант на Кирил Лазаров.
Македонскиот репрезентативец поради удар во ногата здобиени на мечот против Финска во квалификациите за ЕП 2022 ја пропушти средбата со Швајцарија.
Иако не станува збор за сериозна повреда, сепак Давид Дејвис и лекарскиот тим не сакаат да ризикуваат, Манасков ќе го прескокне првиот четвртфинален натпревар.
Дуелот меѓу Нант и Веспрем се игра во 20:45 часот.