ант одигра неверојатен натпревар против Веспрем, штета што пред самиот крај не издржаа и сочуваа поголема предност. Кирил Лазаров и неговите соиграчи одлично се подготвија за првата четвртфинална пресметка, сосема заслужено славеа со 32-28 (16-12), на реваншот ќе бранат позитива од чеитри гола за пласман на Ф4 во Келн.
Никој ама никој не очекуваше ваков расплет на натпреварот, особено по силниот старт на Веспрем.
Унгарскиот првак влезе подобро во мечот имаше позитива од три гола (5-8 и 6-9). По последните плус три (7-10) во игра влезе Кирил Лазаров и тргна серијата на Нант. Нашиот најдобар ракометар постигна три гола во серија од 5-0 за водство од 12-10. Не застанаа ракометарите на Нант, на полувремето заминаа со предност од 16-12.
Домашниот тим породолжи во исто тампо, поведе со 19-12, 21-14 и 24-17. Веспрем на крилата на Коралес намали на 26-23 во 48. минута. Гостите имаа шанса да дојдат и на минус два, но Нилсен го одбрани ударот на Македа.
Со три гола на Даматрин-Бертранд и одбрана на Нилсен, Нант одново се искачи на плус шест, 29-23 беше во 52. минута. Со погодокот на Лазаров во 55. минута, францускиот состав ја врати највисоката предност од седум гола (31-24). Веспрем искористи две исклучувања, па негативата ја намали на само четири гола.
Лазаров мечот го заврши со четири гола од девет обиди. Во таборот на Веспрем не беше Дејан Манасков поради повреда.
На оваа средба правдата ја делеа најдобрите македонски судии Начевски и Николов.