Уште една блескава партија на Мартин Томовски во Бундес-лигата. Македонскиот репрезентативец голман одново е во центарот на вниманието, Лудвигсхафен славеше на домашен терен го совлада Бершигер со 28-22 во рамките на 30. коло.
Томовски овој дуел го заврши со 14 одбрани, две од нив беа од седум метри. И на оваа средба тој на теренот беше 58. минути. За Лудвигсхафен ова беше седма победа оваа сезона.
На победа ова коло се радуваше Вецлар, беше подобар од Линген со 35-26. Македонскиот репрезентативец, Филип Миркуловски запиша три гола. Штутгарт на
Жарко Пешевски беше поразен од Лемго со 35-29, нашиот пикер имаше два гола. Во рамките на 30. коло, Филип Кузмановски и Хановер освоија бод против Фуксе Берлин, дуелот заврши 27-27. Кузмановски имаше две асистенции и два неуспешни обиди.