Дупјачанец: Париравме додека имавме сила, на крајот победи поквалитетниот тим

121

Голманот на Металург, Даниел Дупјачанец, по натпреварот со Вардар рече дека поквалитетниот тим победил во ова полуфинале, и патува во финалниот меч. Тој смета дека поширокиот ростер и квалитет на Вардар бил пресуден.

„Поквалитетниот тим победи, додека имавме сила париравме, но заслужено победи противникот. Мислам дека клупата одлучи кој ќе победи. Нивниот поширок ростер е поголем, и тоа беше одлучувачко. Ние сега останува да се подготвуваме за финишот од сезоната. Откако дојде новиот тренер,  имаме подобрување, и тоа се приметува на нашите последни натпревари. Се надеваме на успешна сезона во првенството“, рече Дупјачанец.

ПретходноКУП НА МАКЕДОНИЈА: Металург не успеа да се одбрани, Вардар прв до финале (ФОТО)
СледноРистовски: Ова беше една добра подготовка за финале, Вардар оди на двојна круна