Резервистите на Пеп со два пресврти до победа над Њукасл (ВИДЕО)

78

Вистинска голеада ни понудија фудбалерите на Њукасл и Манчестер Сити во вечерашниот меч од 36. коло на англиската Премиер лига. Во меч без големо резултатско значење, шампионот со два пресврти успеа на крајот да дојде до победа од 3:4.

Њукасл имаше шанса да направи изненадување, особено што гостите тргнаа со практично втор состав на денешниот меч, но избраниците на пеп на крајот успеаја да го потврдат шампионскиот сјај.

Њукасл поведе со голот на Крафт во 25. минута, а до крајот на полувремето гостите веќе направија прв пресврт. Кансело во 39. минута и Торес во 42. минута му донесоа на Сити водство од 2:1. Во судиското надополнување од пенал Жоелингтон израмни на 2:2.

Њукасл доби уште еден пенал во вториот дел. Овој пат ударот на Вилок искусниот Скот Карсон, кој по цели 10 години вечерва бранеше на меч во Премиер лигата, успеа да го одбрани. Сепак, на одбиената топка Вилок прв натрча и донесе водство од 3:2.

Истото траеше само две минути, пред Феран Торес да погоди за 3:3, а потоа уште еднаш во 66. минута и за нов пресврт, 3:4.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноТите во репрезентацијата на Бразил го врати 39-годишниот Дани Алвеш
СледноЗидан е физички и психички скршен, го напушта Реал!