Додека Германија се уште се мисли, Флик има повици од Лапорта и Ањели

53

Со одложувањето на преговорите меѓу тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик и Германската фудбалска асоцијација, интересот за него расте кај големите европски клубови. Според германски „Билд“, Барселона веќе имала телефонски разговор со менаџерот на Флик за да праша до каде е работата со неговиот ангажман на селекторската позиција на Германија.

Претседателот на шпанскиот гигант Жоан Лапорта е во потрага по нов тренер, откако станува се поизвесно дека Роналд Куман ќе замине на лето. Според „Билд“, интерес за Флик покажал и Јувентус. Германското издание тврди дека Флик не брза со конечна одлука, но сепак, ќе мора добро да размисли за својата иднина.

ПретходноКУП НА МАКЕДОНИЈА: МЗТ Скопје ја научи лекцијата, го елиминираше Куманово
СледноПерез на попушта: Нема нова понуда за Рамос, ПСЖ почна да врти телефони