Раководството на Милан подготвува амбициозен план во случај клубот да се квалификува во Лигата на шампионите за првпат од 2013 година, тврди „Газета Дело Спорт“. Во овој момент „росонерите“ се на третото место во поредокот во Серија А и најверојатно со една победа на нивните преостанати два меча ќе обезбедат пласман на најпрестижниот европски клупски турнир.
Доколку се случи тоа, многу е сигурно тренерот Стефано Пиоли да добие нов договор. Директорите на клубот исто така се надеваат дека ќе го задржат актуелниот голман Донарума, а се размислува и за нови засилувања на тимот. Фикајо Томори и Браим Дијаз, веројатно остануваат, а Милан тргнува и по Душан Влаховиќ од Фиорентина и Андреа Белоти од Торино.
Трета опција за нов напаѓач е Скамака од Џенова, кој е фудбалер на Сасуоло.