Легендата на Реал Мадрид, Серхио Рамос, се уште не се одлучил за својата иднина. Каталонскиот весник „Спорт“, денеск апишува дека претседателот на мадридскиот клуб, Флорентино Перез, нема да го смени првичниот предлог за продолжување на договорот.
Тој не сака да прави исклучоци за никого, па ниту за Рамос, кој како постар играч (35 години) нема да добие договор на 2 години.
Капитенот на Реал Мадрид не е задоволен од ваквиот став, па според весникот, веќе имал првични контакти со преставници на ПСЖ.