Петровиќ: Малку не потценија, ние го оставивме срцето на терен

36

Академија ФМП испиша историја, се пласираше во полуфиналето на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“, откако го урна големиот Пелистер со 100-98.

Битолчани беа далеку од посакуваното ниво, додека на другата страна скопскиот состав одлично ја заврши својата работа и дојде до голем резултат.

„Сигурно имаше некое мало потценување, оваа сезона Пелистер двапати не победи. Ние заслужено се радуваме, го оставивме срцето на терен, изгинавме, момците го испочитуваа сето она што се договоривме, го исконтролиравме нивниот скок, ја запревме транзицијата, имавме контрола во нападот, а и контрола над резултатот.

Им честитам на Пелистер за борбата, сигурно и тие да победеа ќе беше заслужено. Ова е една е нашите најдобри партии оваа сезона.

Останува да се одмориме и утре со ладни глави да излеземе на терен“, беше изјавата на Александар Петровиќ, тренерот на Академија ФМП по победата.

 

ПретходноКуп на Македонија: Сензација, Академија ФМП преку Пелистер до полуфинале
СледноЖалбата на МЗТ 2 прифатена, службена победа од 20:0!