Си бара нов клуб: Мхитарјан не сака да се сретне со Мурињо, а не, пак, да игра под негово водство

45

Играчот за врска на екипата на Рома, Хенрих Мхитаријан е подготвен по секоја цена да ја напушти Рома на крајот од сезоната. Причина е доаѓањето на Мурињо.

Договорот на ерменскиот играч за врска истекува на лето, но има опција да го продолжи за уште една година. Сепак, Ерменецот нема намера да остане во тимот кој ќе биде под водство на Португалецот.

32-годишниот фудбалер го замолил својот агент Мино Раиола да му најде нов клуб. Раиола го предложил Мхитарјан на неколку италијански клубови, вклучувајќи го и Милан, но засега нема никаков договор.

Играчот за врска очекува да добие договор за најмалку две години со плата од пет милиони евра годишно.

Инаку, Мурињо и Мхитаријан работеа заедно во Манчестер Јунајтед, но поради конфликт, Мхитарјан мораше да си оди и да направи трансфер во Арсенал.

ПретходноПерез на попушта: Нема нова понуда за Рамос, ПСЖ почна да врти телефони
СледноТите во репрезентацијата на Бразил го врати 39-годишниот Дани Алвеш