Куп-фијаско на Гостивар, Еуро Никел си закажа полуфинале со Работнички

61

Еуро Никел е третиот полуфиналист во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“. Избраниците на Горан Самарџиев одиграа моќен натпревар, полесно од очекувањата го совладаа Гостивар со 84-75 и си закажаа полуфинале со Работнички.

Дубински и Мијатовиќ со по 17 поени беа први стрелци, на другата страна Димчевски и Тодоровиќ беа најдобри, заедно постигнаа 37 поени.

Кавадарчани по првата четвртина имаа позитива од 26-11, на одморот беше 45-31. Гостивар делуваше изгубен во просторот, 30. минути беше под нивото на играта. Избраниците на Александар Јончевски се разбудија на стартот на последната четвртина, при 74-44 направија серија од 16-0 и дојдоа на 74-60 на пет минути до крајот.

Мијатовиќ со тројка ја прекина серијата на противникот. Кавадарчани не дозволија целосен пресврт, заслужено се радуваа на победата.

ПретходноКУП НА МАКЕДОНИЈА: Силен отпор на ТФТ, но полуфинале за Работнички (ФОТО)
СледноФ1 ја откажа трката во Турција и ја замени со уште една во Австрија