Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Тите го објави списокот со 23 фудбалери кои ќе играат на квалификациите за СП 2022 против Еквадор и Парагвај на почетокот на јуни.
Најголемо изненадување е враќањето на 39-годишниот Дани Алвеш. По скоро две години надвор од дресот на „кариоките“, Алавеш повторно е повикан во националниот тим. На списокот како повратници се најдоа и Габриел Барбоса и Лукас Пакета.
Голмани: Алисон (Ливерпул), Едерсон (Манчестер Сити), Вевертон (Палмеирас)
Одбрана: Даниел Алвеш (Сао Паоло), Данило (Јувентус), Алекс Сандро (Јувентус), Ренан Лоди (Атлетико Мадрид), Едер Милитао (Реал Мадрид), Лукас Верисимо (Бенфика), Маркињос (ПСЖ) и Тиаго Силва (Челзи) .
Среден ред: Касемиро (Реал Мадрид), Даглас Луиз (Астон Вила), Евертон Рибеиро (Фламенго), Фабињо (Ливерпул), Фред (Манчестер Јунајтед), Лукас Пакета (Лион).
Напад: Евертон (Бенфика), Роберто Фирмино (Ливерпул), Габриел Барбоса (Фламенго), Габриел Жесус (Манчестер Сити), Нејмар (ПСЖ), Ришарлисон (Евертон), Винисиус јуниор (Реал Мадрид).