Ванчо Трајанов се врати во Локо Пловдив

162

Некогашниот македонски репрезентативец и шампион од 2004 година со Локо Пловдив, Ванчо Трајанов се врати во “црно – белите“ од Пловдив. Македонецот беше дел од стручниот штаб на Бруно Акраповиќ во еден од најголемите бугарски клубови, но по барање на босанскиот стратег, Трајанов мораше да си оди.

Сега, откако го нема Акраповиќ кој имаше лоша епизода во ЦСКА, а е некогашен тренер и на Шкендија, раководството на клубот реши да го врати Трајанов, да ја врати својата клупска легенда.

“Да, Ванчо Трајанов се врати во клубот и тоа како скаут. Потребен ни е човек како него за да може да бара млади бугарски талентирани играчи. Ова е желба на нашиот претседател“ велат од клубот.

Да кажеме дека Трајанов својата фудбалска кариера ја заврши пред три години и тоа како играч на Локо Пловдив на возраст од 39 години.

ПретходноТрипл-дабл на Дончиќ во лоша шутерска вечер (ВИДЕО)
СледноПСЖ се пофали со новите дресови, навивачите во екстаза поради еден детал (ФОТО)