Се чини дека и дефинитивно Андреа Пирло по завршување на сезоната во Серија А ќе мора да си оди од клупата на Јуве. Се гледа дека тоа беше неуспешен проект, па раководството на најтрофејниот италијански клуб се врти кон добро познато решение. А тоа е Масимилијано Алегри, тренерот со кого Јуве беше просто неприкосновен во Италија, а играше и во финалето во Лигата на Шампионите.
Инаку од вчера Алегри е во Торино, тој е “фатен“ како седи во едно кафуле во Торино со координаторот на Јуве, Федерико Черубини. Секако, ова доказ дека преговорите меѓу Јуве и Алегри за неговото враќање во клубот се веќе започнати.