Foto> Africa Soccer Zone
Аргентинскиот стратег Хектор Купер (65) е именуван за нов селектор на ДР Конго. За Купер ова ќе биде втор ангажман во некоја африканска селекција откако го водеше Египет од 2015 година до Светското првенство во Русија. На клупата на ДР Конго ќе го наследи Кристијан Нсенги-Биембе кој доби отказ по неуспехот во квалификациите за африканскиот Куп на Нации.
После Египет, Купер работеше и како селектор на репрезентацијата на Узбекистан. Претходно и една година како селектор на Грузија (2008-2009).
Најголемите успеси во кариерата ги направи со Валенсија со која два пати стигна до финалето во Лигата на шампионите (2000 и 2001). Ги водеш уште: Интер, Арис, Парма, Расинг Сантандер, Бетис, Мајорка…