ФК Скопје и официјално е првак во ВМФЛ – ЗАПАД и со тоа во следната сезона ќе играат во фудбалската елита во Македонија. Пред стартот на мечот со Велешта, членот на УО на ФФМ, Свето Станковски му го предаде пехарот на капитенот на „пиратите“ Христијан Кировски.Потоа следуваше задолжителна фотосесија со пехарот, кусо славје а сега во моментов се игра и самиот меч од последното коло во ВМФЛ – ЗАПАД меѓу Скопје и Велешта.