Агуеро заминува, а Пеп изненади со изборот на напаѓач

100

Кун Агуеро заминува од Манчестер Сити. Тоа е единствено сигурно од таборот на новиот првак, а многу се шпекулираше на доаѓање на голгетер на „Етихад“.

Најголеми беа шпекулациите околу Ерлинг Халанд, а беше во комбинација и Лионел Меси, но на крајот можеби Сити нема да купува ниту еден напаѓач.

На прашањето дали веќе најде замена за Агуеро, Пеп со изненадувачки одговор:

„Размислувам Феран Торес да игра напаѓач. Тој може да игра и како крило, но и како напаѓач. Сезонава е фантастичен. Така што не знам дали ќе купувам нов напаѓач“, рече Гвардиола.

ПретходноБешикташ е нов шампион на Турција само поради подобриот меѓусебен скор со Галата
СледноЧеде Јаневски загуби во финалето на кипарскиот куп (ВИДЕО)